Ферстапен тргнува од пол-позицијата, но има подеднакви шанси за триумф во Мајами со Ландо Норис (Фото)

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мајами.

Имаше голема забава за време на спринт трката, а три часа подоцна се одржаа и квалификациите.

Се забележа дека Ферари има одредени проблеми, што доведе до тоа Луис Хамилтон дури во последниот круг да се обиде да постигне доволно брзо време за да избегне елиминација. Таму завршија Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, Ленс Строл и Оливер Берман — вистински дебакл за Астон Мартин.

Но, Хамилтон не отиде далеку ни подоцна, и покрај добрата спринт трка заедно со остатокот од тимот на Ферари. Потфрлија целосно во втората квалификациска сесија, а тој заврши на 12-тото место, зад Исаак Хаџар.

Драматично беше и во третиот дел од квалификациите, каде повторно гледавме дуел на овосезонската „голема тројка“ — двајцата возачи на Мекларен и Макс Ферстапен.

Холанѓанецот беше феноменален, иако Ред Бул не изгледа толку доминантно како претходните сезони. Ландо Норис заостануваше само 65 илјадити делови од секундата, а одличен настап имаше и супер талентираниот Андреа Кими Антонели, кој ги воодушеви сите уште во петокот на спринт квалификациите кога ја освои пол-позицијата. Имаше фантастичен круг, особено во третиот сектор, оставајќи го зад себе Оскар Пјастри, како и во петокот.


Ландо Норис можеби ќе беше прв, доколку не влезеше премногу тесно во еден свиок кон крајот на кругот, што му го наруши балансот.

Петтото место го освои Џорџ Расел, шести и седми беа Карлос Саинц и Алекс Албон од Вилијамс, осми беше Шарл Леклер кој може да биде незадоволен, а потоа следеа Естебан Окон и Јуки Цунода.

Ф1 трката во Мајами ќе се вози вечерва од 22 часот, а дополнителна возбуда за љубителите на брзините нудат квотите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести