На Ферстапен му е одземена пол-позицијата, Расел е фаворит број еден за победа во Катар (Фото)

Сезоната во Формула 1 шампионатот е во самиот финиш, а веќе се знае дека Макс Ферстапен е старо-нов светски шампион. Токму холандскиот возач беше најбрз на квалификациите, но нема да стартува од пол-позицијата на трката за ГН на Катар, затоа што возел многу бавно во загревачкиот круг, го „заглавил“ Расел, па казнет е со една позиција подолу.

Обично казната за ваков прекршок е три места поназад, но имаше и олеснителна околност за Ферстапен, затоа и ќе тргне втор наместо четврти.

Макс според квотите во Sport Life не е прв фаворит за победа. Фаворитската улога со квота од 2.50 ја има Расел, додека Ферстапен и Норис имаат идентична квота од по 3.50. Најблиску да ги загрози е Оскар Пјастри со квота од 11, а веднаш позади него е Леклер со квота од 15.

Слични се и квотите за пласман на пиедесталот. Расел со 1.33, како и Норис и Ферстапен со по 1.35 се фаворитите да се искачат на највисоките три позиции во Катар, а своја шанса ќе чекаат Пјастри и Леклер.

Кај конструкторите, најголем фаворит за победа е Мерцедес со квота од 2.30. Следува Мекларен со 2.75, а на третата позиција е Ред бул со квота од 3.40 за победа. Во битката за титула кај конструкторите, води Мекларен, и најверојатно на последната трка годинава ќе се знае дали ќе му ја одземат титулата на Ред Бул.

- Оглас -

Најнови вести