Возаочот на Ред Бул, Макс Ферстапен, е победник на трката за ГН на Италија, кој попладнево се возеше на легендарната патека во Монца.
Ова за холандскиот возач е 47-ма победа во кариерата, 12-та оваа сезона, но и 10-та во серија, со што стана првиот возач во 73-годишната историја на Формула 1 на кого му успеал ваков подвиг.
После победата Ферстапен низ смеа прокоментира: “Не верував дека 10 победи по ред се возможни“.
На втората позиција заврши неговиот клупски колега Серхио Перес, додека третото место го освои Карлос Сајнц од Ферари, кој воедно тргна од пол-позицијата на денешната трка.