Ферстапен за претсезоната во Формула 1 се подготвува со возење на мраз (Видео)

Шампионот во Формула 1, Макс Ферстапен, за првпат во возачката кариера испроба возење болид на снег и мраз.

Ферстапен возеше на замрзнатата патека на аеродромот во едно австриско гратче и ова му е прво вакво искуство, па уживаше. Болидот на Ред Бул имаше специјални гуми од Пирели, имаше и ланци како дополнителна сигурност.

„Не знам да возам добро на мраз како некои мои сонародници кои се шампиони во мототрки на мраз, но се обидов. Првпат возев Ф1 болид на мраз и мило ми е што пробав, болидите не се правени за возење на мраз. Интересно беше искуството, патеката беше многу лизгава“, изјави Холанѓанецот.

Инаку првите тестирања на болидот на Ред Бул за новата сезона во Формула 1 стартуваат на 23 февруари во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести