Возачот на Ред Бул и актуелен Формула 1 шампион, Макс Верстапен, рече дека неговиот тим мора да направи се што треба на претстојната трка за Големата награда на Емилија Ромања на патеката Имола, за да избегне пораз од Мекларен и Ферари.
Трикратниот шампион заврши на второто место на последната трка во Мајами, зад Ландо Норис од Мекларен и тоа беше втор пат во последните шест трки Холанѓанецот да не победи, а денеска на вториот слободен тренинг, Ферстапен беше дури седми, со половина секунда послабо време од Шарл Леклер од Ферари.
„Ние не реагираме. Ние сме задоволни, но останатите тимови ни се доближуваат како што видовме во Мајами, кога не ги правиме работите 100 проценти. Мора да се обидеме да се погрижиме да немаме премногу такви викенди“, вели Ферстапен.
Лани, возачите на Ред Бул не победија само на една трка, а годинава Ферари е малку поблиску до актуелните шампиони, во трката се вклучи и Мекларен .
„Ферари имаше големо подобрување. Мекларен навистина има голема надградба и потребно им е малку време за да достигнат врв. Деталите се понекогаш може да направат голема разлика во резултатите“, додава Макс.