„Фешта“ на Мајмуни, одлично им парираат и Комити, Прилеп го оправда епитетот најфудбалски град (Фото)

Во Прилеп нема голови по првото полувреме на дерби-дуелот меѓу Победа и Вардар во Националниот куп на Македонија, но има вистинска „фешта“ на трибините.

Особено се истакнаа популарните „Мајмуни“, односно најверната навивачка група на Победа, која приредува прекрасен амбиент на трибините и го оправда епитетот дека Прилеп е најфудбалски град што го имаше и во времето на поранешна Југославија.

Одлично им парираат и „Комити“, познатата навивачка група на Вардар, па амбиентот во Прилеп е фантастичен за македонски услови.

Победа и Вардар имаат куп титули, „црвено-црните“ од Скопје се рекордери во Македонија со 5 пехари во шест финалиња, а прилепчани имаат еден пехар и три одиграни финалиња.

 

- Оглас -

Најнови вести