Пелистер и Вардар го играат дербито во Битола кое треба да ги реши речиси сите дилеми околу тоа кој ќе биде ракометен првак во Македонија. На Пелистер му е потребен барем минимален триумф, додека Вардар со реми или триумф ќе ја задржи челната позиција.
Пред почетокот на мечот, во салата во Битола, домашните навивачи направија одлична атмосфера, а згрме и една од најубавите македонски песни.