Екипата на Гозтепе го совлада Бешикташ со 3-0 во дуел од шестото коло во турската Суперлига. Со оваа победа, тимот од Измир потврди дека не случајно е втор на табелата и има по три победи и ремија во шесте кола.
Во 84-та минута, 19-годишниот Јорданец Ибрахим Сабра влезе во игра при 2-0 и веднаш се најде во шанса, од 6-7 метри шутна со глава, а голманот на Бешикташ спектакуларно одбрани. Но, тогаш следуваше најдоброто. Топката пак се одби до Сабра кој од тешка позиција и од речиси мртов агол даде гол со ножички.
За Сабра ова е прв гол во турската лига каде дојде летово од клуб од родниот Јордан и на феноменален начин се претстави.
🚨 GOAL | Ibrahim Sabra 84′
An extraordinary bicyle kick by Sabra
🇹🇷 Göztepe 3-0 Beşiktaşpic.twitter.com/FYMxasxPLG
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 19, 2025