Попладнево ќе се одигра комплетното шестто коло од Првата македонска фудбалска лига. Најголемо внимание привлекува мечот во Кавадарци, каде Тиквеш го пречекува најтрофејниот македонски клуб, Вардар.
Според квотите во Sport Life, Тиквеше фаворит со квота за победа од 1.60, но затоа квотата за изненадување и победа на скопските „црвено-црни“ е фантастична, дури 5.10. Во секој случај, без разлика кој ќе победи, сигурно е дека во Кавадарци трибините ќе бидат исполнети до последно место и ќе има вистинска фудбалска фешта.
На останатите натпревари од шесттото коло, интересно ќе биде и во Струга, каде актуелниот шампион на Македонија го пречекува Шкупи. Тетовска Шкендија е пред лесна задача, со оглед дека под Шара гостува Воска, во Гостивар Бе са го пречекува Пелистер, Работнички е домаќин на Брера, додека Силекс во Кратово игра против Гостивар.