Фештата ќе биде на „Маракана“ во Рио: Флуминенсе и Бока јуниорс играат во финалето на Копа Либертадорес

Фокусот на светскиот фудбал вечерва нема да биде во Европа, туку во Јужна Америка и тоа во најфудбалската земја во светот, Бразил. Легендарниот стадионо „Мараката“ ќе биде домаќин на финалето од Копа Либертадорес, натпреварување кое е пандан на Лигата на шампиони во Европа.

Бразилски Флуминенсе и аргентинскиот гигант Бока Јуниорс ќе се борат за највредниот трофеј на клупско ниво во Јужна Америка. Бока Јуниорс е рекордер по бројот на финалиња и ова ќе биде 12-то финале за овој клуб, а ќе се бори за седмата титула. Ако Бока победи, ќе се израмни со Индепендиенте кој е рекордер со седум трофеи.

Флуминенсе има историска шанса да стигне до првата титула шампионо во Јужна Америка. Овој клуб во 2008 година загуби во единственото финале кое досега го има играно, а сега ќе игра на својата „Маракана“.

Официјално Бока ја има улогата на домаќин во финалето, а интересно е дека преку  100.000 аргентински навивачи се пристигнати во Рио де Жанеиро и очекуваат победа на нивниот омилен клуб.

Двата клуба во своите редови имаат докажани и искусни фудбалери, а главни ѕвезди се фудбалери кои до неодамна блескаа во Европа. Легендарниот лев бек на Реал Мадрид, Марсело кој има преку 25 трофеи со Кралевите, се врати во матичниот клуб и сега има шанса да го освои Либертадорес Купот.

На спротивната страна, во дресот на Бока е Единсон Кавани. Голгетерот кој во европа играше за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Валенсија, вели дека ова ќе биде неговиот најважен меч во клупската кариера. Тоа доволно зборува колку Кавани го посакува овој пехар.

- Оглас -

Најнови вести