Фетел се збогува од Ф1 со бодови, Леклер е вицешампион пред Перес

Макс Ферстапен ја одбрани титулата во Формула 1, а победи и на последната трка што заврши предмалку во Абу Даби.

На патеката „Јас Марина“ Холанѓанецот пак беше најбрз, а втор зад него заврши Шарл Леклер и ја освои вицешампионската титула, а трет е Шпанецот Перес.

Трката ја одбележа и простувањето на четирикратниот светски првак Себастијан Фетел, кој оди во спортска пензија, а денеска беше десетти.

Германецот кој од 2010 до 2013 година ги освојуваше титулите во Ф1, последен пат возеше официјална трка во Формула 1.

Пред трката Фетел доби почесна гарда и поздрав за последниот настап во најбрзиот циркус на светот.

https://twitter.com/F1/status/1594312076666998786?s=20&t=X7J5oVW92AXJ__acLBLbww

- Оглас -

Најнови вести