Фетел: Ако не можеме да бидеме пред Мерцедес, барем сме до нив

Себастијан Фетел одлично ги започна слободните тренинзи во петокот во пресрет на јубилејната тркак за Големата награда на Кина, но во квалификациите доминираше Валтери Ботас, па така болидите на Мерцедес ќе тргнат од првите две места на стартот од третата овосезонска трка во Формула 1.

Фетел на крајот мораше да се задоволи со третото место, откако заостана 0.301 секунди зад Ботас и Хамилтон.

„Разликата е преголема. Секако дека би сакале ситуацијата да биде различна, но можам да кажам дека на крајот издвоиме добар резултат. Важно е дека сме барем до Мерцедес, ако веќе не можеме да бидеме пред нив. Шансите ќе ги бараме во самата трка“, истакна Фетел.

Јубилејната 1.000 трка, односно за Големата награда на Кина, закажана е за утре со почеток во 08:10 часот наутро.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести