Минатата сезона Ферари имаше конкурентен болид, па Себастијан Фетел и Шарл Леклер беа блиску зад Мерцедесите на Луис Хамилтон и Валтери Ботас, но во 2020 сликата е поинаква, италијанскиот тим многу заостанува. Во такви услови, барем засега, се покажува дека Фетел е подобар пилот од Шарл Леклер и дека не случајно има четири светски титули.
Фетел во следната година нема да биде во Ферари, а Леклер ќе остане, но возачот од Монако ако нема врвен болид, нема да може да се бори за врвот.
Пофалби за Фетел доаѓаат од легенди на Формула 1, а и самиот Германец е задоволен од формата.
„Дајте ми еднакво квалитетен болид и сигурен сум дека никој нема да биде пред мене“, рече Фетел, кој во 2021 би можелo да стане член на Рејсинг поинт, кој ќе се вика Астон Мартин.
Па лани имаше појак болид, на правците дури и до 70 КС плус имаше од сите останати болиди. Многу грешки правиш господине Фетел, многу вртења, губење контрола врз болидот. Стратегијата ви е очајна. Мислам дека е време да се пензионираш или па вози си во некој послаб тим, како Кими, ради хоби и плата.