Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, во некој од наредните денови ќе потпише едногодишен договор (со можност за продолжување за уште една) со Мекларен, тим за кој би возел во 2021 година.
Според информациите, 32-годишниот Германец е во завршни преговори со Мекларен откако вчера официјално објави дека во Ферари останува само уште до крајот на 2020 година.
Фетел во Ферари дојде од Ред Бул во 2015 година и на 101 трка имаше 14 победи. Во италијанскиот тим минатата сезона беа разочарани и договорот не му беше продолжен. Ако Фетел потпише со Мекларен, тоа најверојатно ќе значи дека тој таму ќе оди на местото на Шпанецот Карлос Саинс, кој заминува во Ферари.
Ферари е заинтересиран и за Даниел Рикијардо, кој е Австралиец со италијанско потекло, но Саинс е фаворит за премин во Ферари, каде што би му бил колега на Шарл Леклер.