Себастијан Фетел беше најбрз на првиот слободен тренинг во Кина и како и претходните два викенда, најавува дека болидот на Ферари е многу брз. Викендов во Шангај се вози илјадатата Гран-при трка во историјата на Формула 1.
Проблемот на италијанскиот тим се трките во кои „црното коњче“ од различни причини потфрлува и доминацијата од тренинзите и квалификациите воопшто не ја потврдува кога е најпотребно.
Четирикратниот светски првак Фетел на првиот тренинг имаше за 207 илјадитинки подобро време од Луис Хамилтон, а трети беше Шарл Леклер со 266 илјадити делови од секундата побавно време од клупскиот колега. Во топ 5 беа уште Макс Ферстапен и Валтери Ботас.
Можеби разликата помеѓу Фетел и Хамилтон не е голема, но Германецот користеше медиум гуми, кои се побавни од меките на Хамилтон и Мерцедес, па ова е индикација дека Ферари е моќен.
Но, на вториот слободен тренинг најдобро време оствари Ботас од Мерцедес, пред Фетел, кој заостана само 27 илјадитинки. Зад нив беа Ферстапен, Хамилтон и Хилкенберг, а Леклер беше само седми.
Коментарите се затворени.