Формула 1 пилотот, Себастијан Фетел, имаше проблем со неговиот болид на првата тренинг-сесија во Мелбурн, каде што в недела се вози трката за Големата награда на Австралија, па до гаражата на Астон Мартин стигна возејќи скутер.
Моторот на болидот се запали, па Фетел го гаснеше со противпожарен апарат, а откако доби дозвола од маршалот, со неговиот скутер возеше по пистата и замина во бокс кај своите механичари.
Но, според стјуардите на трката, Фетел го нарушил членот 26.7 од спортските регулативи, со кој се забранува излегување на писта во минутите по крајот на секоја сесија, освен ако тоа не е дозволено од маршал со одобрение на контролата за трка.
Проблемот е што Фетел возел сам, а требало со него да биде и маршалот. Германецот ќе биде казнет, но засега не се знае каква казна ќе му биде изречена.
https://twitter.com/i/status/1512291019798495232