Себастијан Фетел имаше неочекувани проблеми и не успеа да извози ниту еден круг на денешните квалификации на трката за големата награда на Хокенхајм. Германецот имаше технички проблеми со болидот. За разлика од Ферари и Фетел, пол позицијата очекувано ја освои Луис Хамилтон.
„Не знам што се случи, се скрши нешто во турбото. Ова е голем малер“, рече разочараниот Фетел, кој ќе стартува од последната 20-та позиција.
Освен Фетел, во вториот дел од квалификациите проблеми имаше и вториот возач на Ферари, Шарлс Леклер, кој ќе стартува од 10-тата позиција.
🏁Q1 – ELIMINATED DRIVERS 🏁
Norris
Albon
Russell
Kubica
Vettel – a mechanical failure stopped him setting a time#F1 🇩🇪 #GermanGP pic.twitter.com/RRclVbwuXj— Formula 1 (@F1) July 27, 2019
Хамилтон повторно доминираше во квалификациите и на крајот заврши како прв, пред Макс Херстапен, Валтери Ботас, Гасли и Кими Раиконен.