Германецот Себастијан Фетел од Ферари ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Монтреал, за големата награда на Канада во Формула 1. Ова е голем триумф за „црното коњче“ после серијата разочарувања и порази од Мерцедес. За Фетел заврши серијата од 17 трки по ред, на кои не бил на пол-позиција.
Фетел постави нов рекорд на патеката, и беше побрз од светскиот првак Луис Халмилтон кој беше втор со 206 илјадитинки послабо време. Трети е Шарл Леклер од Ферари. Најголеми губитници на квалификациите се Валтери Ботас од Мерцедес кој беше само шести, и Макс Верстапен од Ред Бул кој ќе тргне дури од 11-тата позиција.