Февруари е месец за победи на Леванте против шампионот, Барди и соиграчите пак го расплакаа Чоло Симеоне (Видео)

Леванте повторно приреди првокласна сензација на „Ванда Метрополитано“ и пак, вторпат по ред во Мадрид го победи шампионот Атлетико.

Енис Барди и соиграчите од Леванте стануваа многу незгоден гостин на Атлетико, а и вечерва, точно по една година беа подобри и победија со 1:0.

Гонзало Мелеро погоди во 54-тата минута, доволно за сензација и втора победа во Ла Лига на последнопласираниот тим.

За чудото да биде поголемо, Атлетико имаше само два директни удари кон голот на гостите. Едниот од нив заврши во мрежата на Леванте во самиот финиш, но беше поништен поради фаул.

Лани на 20 февруари Леванте го победи Атлетико со 2:0 на „Ванда Метроплитано“, а и сега го повтори подвигот со гол помалку.

Барди беше стартер и играше до 62-рата минута, кога при резултат од 0:1 беше заменет со Малса.

Леванте остана на последното место и по одигрување на заостанатиот меч од 21-вото коло во Ла Лига, но сега има 14 бода, со што се враќаат надежите за подвиг и и опстанок.

Атлетико падна на петтото место со 39 бода.

- Оглас -

Најнови вести