ФФМ донираше 4.200 фудбалски топки за клубовите од Детската лига и Училиштен фудбал

Фудбалската федерација на Македонија донираше 4.200 фудбалски топки за клубовите од Детската лига и Училиштен фудбал.
Во шесте региони на Детската лига на ФФМ учествуваат вкупно 131 клуб.
Повеќе од 570 екипи се натпреваруваат во шест категории за фудбалери родени од 2009 до 2014 година.
Дури 76 основни училишта добија донација на фудбалски топки за машки фудбал низ цела земја. Во 24 основни училишта беа доделени фудбалски топки за женски фудбал.
Со оваа донација, ФФМ уште еднаш потврди дека се грижи за најмладите во фудбалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести