Фудбалската репрезентација на Македонија ја завршува 2025 година како селекција која ќе учествува во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
На 26-ти март нѐ очекува првиот бараж натпревар против Данска, а до тогаш може да се потсетиме на најубавите моменти од годината која изминува.
Фудбалската федерација на Македонија ги одбра најубавите четири гола за 2025 година, а тука се Енис Барди, Елиф Елмас, Езџан Алиоски и Александар Трајковски.

