ФФМ ги одреди цените на билетите за мечот со Косово

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одлучи цената на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на Нации меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово да бидат 300 и 400 денари. Ова се цени на јужната и северната трибинна на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Мечот ќе се игра на 26 март, а ФФМ ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина.

УО на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание да се одржи на 21. март, а ги усвои извештаите на постојаните комисии на Управниот одбор и буџетот на федерацијата за 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести