15.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

ФФМ ги отвара вратите: Бесплатен влез за мечот Македонија – Летонија

Фудбалската федерација на Македонија одлучи ширум да ги отвори вратите за пријателскиот меч помеѓу Македонија и Летонија и влезот за сите навивачи да биде бесплатен. Претходно ФФМ продаваше билети по цена од 200 и 300 денари, а сите оние кои веќе купиле билет ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен меч на фудбалската репрезентација на Македонија, без оглед од каков карактер ќе биде тој меч.

„Слободен влез на Националната арена за Македонија – Летонија. Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар против Летонија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи. Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година. Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер. Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за квалификацискиот меч против Велс во Кардиф“, велат од ФФМ.
- Оглас -

Најнови вести