20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

ФФМ го објави календарот за новата сезона, Првата лига стартува викендот по Илинден

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го усвои календарот за Првата, Втората лига и сениорското Куп-натпреварување за натпреварувачката сезона 2025/26.

Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела), Втората лига ќе се игра само во сабота, а Куп-натпреварувањата во текот на работната недела (вторник, среда или четврток).

Есенскиот дел од Првата МФЛ започнува во викендот од 8 до 10 август, додека второлигашите стартуваат на 23 август.

Во продолжение може да се преземе комплетниот календар за новата сезона:

Календар 2025-26.pdf

- Оглас -

Најнови вести