Во фудбалската федерација на Македонија не мируваат. Поретседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, објави дека теренот број 1 на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ е обновен, а направен е и нов паркинг простор.
„Го обновуваме нашиот тренинг-центар ‘Петар Милошевски’. Целосно го реконструираме теренот број 1 – со дренажа и со нова тревна подлога. Дополнително, направивме нов паркинг простор и пристап до трибините на теренот 2 и нов визуелен изглед на центарот. Создаваме современи услови за развој и работа на сите наши национални селекции“, информираше претседателот на ФФМ, Омерагиќ.