Фудбалската федерација на Македонија продолжува со модернизација на секое поле. Од ФФМ се пофалија дека исполнија уште едно ветување.
Современо фудбалско искуство, поголема видливост за партнерите и модерен дигитален амбиент на стадионите. Инвестиција што се гледа: Поставен е 210 метри сопствен ЛЕД екран на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Од дрвени табли до современи стандарди. Без изнајмување. Со јасна визија. Фудбалот на прво место“, е пораката од ФФМ.

