Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини истакна дека како институција се подготвени за изградба на нов стадион, на средбата со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
„Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат“ изјави Сејдини и додаде.
„Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време“.