Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација во состав Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на У.О. на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ (on-line присутен), денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот квалификациски циклус и профилот на тренер што е неопходен за подигнување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска репрезентација.
Членовите на Комисијата водеа конструктивен разговор заснован на стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на фудбалерите и фокус на резултатска стабилност. Во процесот на селекција се нагласува значењето на тренер кој ги познава домашните фудбалски текови, потенцијалот на нашите играчи и кој може да внесе јасна тактичка идеја и дисциплина во тимот.
Комисијата ќе го достави својот предлог, македонски стратег кој според анализите, одговара на поставените критериуми, а конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

