11.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

ФФМ на три дена пред стартот на сезоната го одложи првото коло во Втората лига

Чуден потег што сè уште нема логично објаснување повлече Фудбалската федерација на Македонија со одлуката да го одложи стартот на натпреварите во Втората лигата.

Сигурно е дека нема да се игра на 13 август, а неофицијално објаснувањето е дека поради одложување на седница на комисијата за лиценцирање во ФФМ, одложен е и почетокот на сезоната.

„Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложеното прво коло“, објавија од ФФМ.

Сè уште не се знае датумот, но јасно е дека второлигашки фудбал нема да има викендов што следи.

 

- Оглас -

Најнови вести