ФФМ направи рокада – Нема бараж во Прилеп, Тиквеш и Воска ќе играат во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија направи рокада и бараж мечот за Првата лига меѓу Тиквеш и Воска ќе се игра во Скопје, на националната арена „Тодор Проески“ наместо на „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Датумот останува ист, ќе се игра на 22. мај од 17 часот, исто како и дуелот меѓу Скопје и Беласица во Штип во истиот ден и термин од 17 часот.

Првично беше одредено кавадарчани и охриѓани да играат во Прилеп, но потоа дојде до смена на местото на одигрување на баражот.

Победниците од двата дуели ќе играат во Првата лига, што би значело дека ако победат Тиквеш и Скопје остануваат прволигаши, а со успех Воска и Беласица би се пробиле во македонската фудбалска елита како второлигаши.

 

- Оглас -

Најнови вести