Годишното собрание на Фудбалската федерација на Македонија започна со една минута молк во чест на фудбалските работници кои починаа изминатата година, а меѓу нив беше и нашиот колега Зоран Поповски.
Поповски ненадејно почина на 13 февруари минатата година, имаше повеќе од двоцениско новинарско искуство работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Екипа“, „Република“, а од летото 2018 година, од првиот ден беше дел од Спортманија.
Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Изминатата година фудбалот во Македонија остана без Никола Тодороски, Енвер Сулејмани, Дашмир Беари, Митко Локоски, Роберт Пластиновски и Горен Ѓошев, а ФФМ им се оддаде почит така што Собранието го започна со едноминутен молк.