В понеделник, 2 септември, ќе започне продажбата на билети за фудбалскиот натпревар Македонија – Ерменија (10 септември, почеток 20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од новото издание на Лигата на нациите.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 200 и 400 денари. Цената на влезница за во ВИП ложа на северната трибина е 1.500 денари.
Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Цени на билети:
Северна трибина – 400 денари;
Јужна трибина – 400 денари;
Западна трибина – 200 денари;
Источна трибина – 200 денари;
Билетарницата на националната арена ќе биде отворена на денот на натпреварот, од 10 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики