23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

ФФМ официјално побара одложување на мечот со Косово

Фудбалската федерација на Македонија официјално со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналниот бараж-натпревар за пласман на Европското првенство, закажан за 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Во дописот до Европската куќа на фудбалот, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ го потенцира проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од репрезентацијата во нашата држава, односно евентуалната изолација/карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на вирусот COVID-19.

Токму поради овие вонредни причини, Федерацијата е во постојана и интензивна комуникација и со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје и во целост се придржуваме кон нивните препораки, донесените мерки или забрани.

Исто така, по консултации со претставници на фудбалските федерации на Грузија и Белорусија, една од двете држави кои беа одредени за домаќини на финалниот натпревар од Лигата на нациите на 31 март за пласман на ЕВРО 2020, неофицијалните информации велат дека е можно репрезентацијата која би обезбедила пласман во финалето, да се соочи со одредени мерки на претпазливост за здравствена заштита при влез во една од државите. И во однос на ова, ФФМ, исто така е во постојан контакт со споменатите федерации и УЕФА“, стои во соопштението на ФФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести