ФФМ подготвува премија за фудбалерите кои блескаат во квалификациите за СП 2026

Македонската фудбалска репреентација игра одлично во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 и моментално е на лидерската позиција во групата во која се уште и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Во јунскиот циклус Македонија прво одигра 1:1 во Скопје против Белгија, а потоа го победи Казахстан со 1:0 на гости во Астана. Со вкупно осум бода од четири меча, Македонија е прва во групата, пред Велс со седум бода. Белгија има четири бода, но од две средби, а потоа следуваат Казахстан и Лихтенштајн, кои се без шанси за место на Мундијалот.

Со добрите игри и резултати, фудбалерите дефинитивно заслужија и да бидат наградени за својот напор. Најавите се дека од Фудбалската федерација на Македонија се подготвува премија. Фудбалерите и стручниот штаб треба да поделат премија од 150.000 евра за досега постигнатите резултати.

Македонија до крајот од квалификациите треба да одигра уште четири меча. Ќе продолжиме на 7 септември против Лихтенштајн во Скопје. Во октомври следуваат мечеви против Белгија (10 октомври) и Казахстан (13 октомври), а во последното коло Македонија ќе гостува кај велс на 13 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести