ФФМ покрена постапка против Вардар, Шкендија доби казна за мечот против Пелистер

На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки.

ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради слаба организација, фрлање предмети на теренот, фрлање скалпел и запалки, влегување на неслужбено лице во службени простории на  натпреварот ФК-Шкендија-ФК Пелистер во рамките на 20-тото коло во Првата МФЛ.

Имран Фетаи фудбалер на ФК Шкендија се казнува со забрана на настап на два натпревара.

Вебстер Роналдо Ромарио, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана на настап на еден натпревар.

Шабан Сулиман, тренер на ФК Работнички, се казнува со забрана за вршење на функција на два натпревара.

Александар Васоски, тренер на ФК Силекс, се казнува со забрана за вршење на функција на 2 натпревара.

Против ФК Вардар се покренува Дисциплинска постапка за слаба организација на натпреварот од 21-вото коло против ФК Шкендија.

Тони Мегленски, тренер на ФК Вардар, се казнува со забрана за вршење на функцијата од 1 месец.

Дарко Додев се казнува со забрана на настап на 1 натпревар.

Против ФК Шкендија се покренува дисциплинска постапка поради слаба организација, фрлање запалки по завршувањето на натпревар.

- Оглас -

Најнови вести