ФФМ потврди: Вардар не доби лиценца за настап во Европа

Вардар остана без право за настап на европските натпреварувања втора година по ред, објави Фудбалската федерација на Македонија. Црвено-црните не ги исполнуваат условите за добивање лиценца, но се очекува најтрофејниот фудбалски колектив во земјава да биде прогласен за шампион по прекинот на сезоната 2019/20 во ПМФЛ бидејќи избраниците на Васовски го држеа првото место на табелата пред принудната пауза поради пандемијата со корона-вирусот.

Покрај Вардар, лиценца не добија и Брегалница, Борец и Струга ТриумЛум. ФФМ дополнително ќе одреди кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во европските квалификации според пласманот на табелата.

Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД – Струмица

2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

3.  ФК Работнички АД – Скопје

4.  ФК Ренова АД – с.Џепчиште

5.  ФК Силекс АД – Кратово

6.  ФК Шкендија АД – Тетово

7.  ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Брегалница 2008 АД – Штип

2.  ФК Борец 1919 АД – Велес

3.  ФК Вардар АД – Скопје

4.  ФК Струга ТримЛум АД – Струга

 

 

- Оглас -

Најнови вести