ФФМ се пофали: „Време беше. Еве сме, повторно.“ (Фото)

Фудбалската Федерација на Македонија со објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ се пофали дека конечно си ја вратиле страницата во нивна сопственост. Првата информација која ја споделија е за продажбата на билетите за дуелот против Италија и побараа од навивачите да споделуваат дека профилот веќе не е хакиран.

Колку за потсетување, фејсбук-страницата на ФФМ со месеци беше хакирана и се објавуваа видеа кои немаат никаква врска со македонскиот фудбал, а на навивачите им беше ускратена можноста навремено да се информираат за актуелностите со македонската фудбалска репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести