Фудбалската федерација на Македонија објави соопштение дека закажаното Собрание на ОФС Охрид кое треба да се одржи денеска не е закажано согласно Статутот на ОФС Охрид, во којшто е утврден рок од 30 дена од денот на закажувањето до денот на одржувањето на Собранието.
„Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година. Одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид“.