ФФМ со благодарност до навивачите: Беше импресивно!

„Драги навивачи,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.

Навистина беше импресивно да се види како и на дожд повеќе од 20 илјади луѓе безусловно ја сакаат и ја бодрат Македонија. Од првата до последната минута.

На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор, на крајот не успеа да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славење пред полни трибини на Националната арена.

До следниот натпревар, напред Македонија“, порачаа од ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести