ФФМ со порака до навивачите: Дојдете порано, вратите на стадион ќе бидат затворени 30 минути пред старт на мечот

Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш потврди дека сите влезници за утрешниот натпревар против Англија, се распродадени и им порача на фановите да дојдат порано на Националната Арена „Тодор Проески“.

ФФМ објави дека вратите на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот на мечот и поради тоа упати апел до фановите да дојдат многу порано.

Англиската фудбалска федерација пак им порача на своите англиските навивачи да не носат метални парички со нив на стадионот бидејќи ќе им бидат одземени.

 

- Оглас -

Најнови вести