34.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

ФФМ со порака пред стартот на сезоната: „Фудбалот нека биде на прво место“

Фудбалската федерација на Македонија порача дека „фудбалот треба да биде на прво место“ во сезоната што почнува денеска во Првата македонска лига. Интенцијата е да се подигне нивото на натпреварувањето и да се зајакне фудбалската култура, а нека победи најдобриот.

Во новата сезона ќе има ВАР-систем, а сите натпревари ќе бидат пренесувани на ТВ-екраните.

„Во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посакува многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредокот на нашиот фудбал.

Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации.

ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.

Се радуваме што заеднички го отвораме новото поглавје за македонскиот клупски фудбал. Фудбалот на прво место!“, порачаа од ФФМ.

Фото: ФФМ

- Оглас -

Најнови вести