Фудбалската федерација на Македонија за 1 декември ги одложи четвртфиналните мечеви од Купот кои требаше да се играат утре.
„Трагичен случај ја потресе македонската држава. Во сообраќајна несреќа трагично згаснаа животите на многу наши сограѓани. Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразуваат длабоко сочувство до семејствата и пријателите на лицата кои трагично ги загубија своите животи. Слава им! Испраќаме молитва за утеха на семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, стои во соопштението на ФФМ.
Комисијата за натпреварување во ФФМ одлучи планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24 ноември да се одложат, а новиот термин на нивно одигрување е 1 декември, со почеток во 13 часот.