Голманот на Валенсија и на репрезентацијата на Македонија, Столе Димитриевски, денес го слави 32-риот роденден, а Фудбалската федерација на Македонија со „стилска“ честитка му го честиташе роденденот.
„Број 1 Стилот си ти. Среќен роденден, Столе Димитриевски“, напишаа од ФФМ, а во објавата има и четири фотографии од стилот на голманот.
Столе Димитриевски има одиграно 85 натпревари за репрезентацијата на Македонија.

