ФФМ со цело срце ѝ даде поддршка на УЕФА во спорот со таканаречената Суперлига

И Фудбалската федерација се изјасни против Суперлигата и даде поддршка за УЕФА.

„Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА.

Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта.

Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински ферплеј.

За љубовта кон играта што нè обединува и нè мотивира сите заедно“, стои во соопштението на ФФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести