-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

ФФМ упати честитки до Шкендија за големиот европски успех

Шкендија оствари историски пласман во нокаут-фазата од Конференциската лига, што максимално го подигнува и нивото на македонскиот клупски фудбал. Фудбалската федерација на Македонија упати честитки до македонскиот шампион за големиот успех.

„Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ упатуваат искрени честитки до Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.

Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа.

Со надеж за уште поголеми успеси, им посакуваме на фудбалерите и на стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари“, се вели во пораката од ФФМ до Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести