Датумот 12 ноември со златни букви запишан во фудбалската историја на Македонија. Тоа е денот кога нашата репрезентација победи на гости во Тбилиси против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство 2020 година.
Горан Пандев беше стрелец на голот кој донесе победа од 1:0 против Грузија и пласаман на Македонија на историскиот прв континентален шампионат.
Засега тој настап на Македонија на ЕП останува единствен затоа што во актуелните квалификации за пласман на ЕП 2024 година, нашата репрезентација нема шанси во групата во која Англија веќе е сигурен патник, а Италија и Украина се борат за второто место.
Од Фудбалската федерација на Македонија денеска заборавија да потсетат на овој историски момент, ден кој треба постојано да се спомнува, но и да биде мотив за што е можно побрзо да се повторат таквите успеси. Дури и да сакаат од ФФМ на социјалната мрежа Фејсбук да потсетат на овој историски момент, неможат, затоа што официјалната ФБ страна на ФФМ едноставно исчезна и не постои, иако таму има преку 130.000 следбеници. Нема ништо ниту на Инстаграм, профил на ФФМ кој за среќа уште е во функција, ама џабе кога нема кој да ги потсети фановите на историскиот момент.
И додека во ФФМ заборавија на овој ден, поранешниот селектор Игор Ангеловски потсети дека овој ден треба посебно да се одбележува и посака успех на фудбалерите на претстојнуте дуели против Италија и Англија.