Мајкл Маси повеќе не е директор на трките во Формула 1. Ваква одлука донесе раководството на Светската автомобилистичка федерација, којашто одржа состанок откако Мерцедес упати жалба на работењето на Маси.
На негово место назначени се Едуардо Фриетас и Нилс Витич, а тие ќе бидат надгледувани од Херби Блаш, кој ќе добие специјална улога „Сениор адвајзор“.
На последната трка во „Јас марина“ минатата сезона, во самата завршница имаше хаварија, по којашто излезе безбедносното возило. Хамилтон беше на првото место, додека Ферстапен втор, но измеѓу нив имаше неколку заостанати болиди.
Маси нареди тие болиди да се тргнат, со што Ферстапен дојде одма до Хамилтон и го помина во последниот круг.
Новата сезона стартува на 20 март, каде што ќе се вози трката за Големата награда на Бахреин, а новитет од оваа натпреварувачка година е што ќе гледаме рекордни 23 трки.