ФИА ја разгледува можноста да му ја одземе титулата на Ферстапен – Познато е кога ќе падне одлуката

Макс Ферстапен драматично ја освои својата прва титула во Формула 1 шампионатот, откако во последниот круг го мина Луис Хамилтон на патеката „Јас марина“ во Абу Даби.

Сепак, на Холанѓанецот му беше олеснета работата бидејќи претходеше одлука на директорот Мајкл Маси, којшто нареди да се тргнат сите заостанати болиди меѓу нив.

ФИА, односно нејзина специјална комисија започна истрага за сето ова што се случи, а можно е и да биде му одземена титулата на Ферстапен, и тоа на „зелена маса“.

„Во моментов се разгледуваат сите детали, а првичните информации ќе се знаат на 14 февруари.

Додека, пак, очекуваме целата истрага да биде комплетирана во март, пред почетокот на новата сезона“, стои во соопштението на специјалната комисија на ФИА.

- Оглас -

Најнови вести