Европската кошаркарска федерација, ФИБА Европа, денеска попладне во Минхен ќе донесе одлука кои земји ќе бидат домаќини на претстојниот Евробаскет за мажи, закажан за 2021 година. Има седум кандидати, а на тоа првенство можеби ќе се појави и македонскиот национален тим кој ќе учествува во квалификациите, откако не успеа да се најде меѓу најдобрите во 2017.
Кандидати за организатори на настанот се Чешка, Естонија, Германија, Грузија, Унгарија, Италија и Словенија. Сигурно е дека домаќин на првенството нема да биде само една земја, туку барем две. Само Естонија и Грузија досега никогаш не биле домаќини на ваков настан, додека другите кандидати имаат искуство.
Квалификациите почнуваат во февруари следната година. Тимот на селекторот Јорданчо Давитков ќе биде меѓу оние 32 селекции кои ќе разигруваат за 24-те места.