ФИБА ги одреди термините за турнирот во Талин

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја чека квалификацискиот турнир за ЕП 2022 година кој ќе биде реализиран кон крајот на ноември во Талин.

На малку повеќе од две недели пред официјалниот старт, познати се и саатниците за одигрување на натпреварите од групата Б  во меурот во главниот град на Естонија.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров првиот натпревар ќе го одиграат против Италија во 16 часот на 28 ноември. Вториот меч од првиот натпреварувачки ден е закажан за 20:30 часот, а ќе разигруваат селекциите на Естонија и на Русија.

На вториот натпреварувачки ден од турнирот кој ќе се игра во Арената „Саку Сурхал“, момците во „црвено-жолта“ комбинација ќе играат против домаќинот Естонија. Таа средба е предвидена да стартува од 20:30 часот. Неколку часа порано, од 16 часот, ќе играат селекциите на Русија и на Италија.

Распоред на натпреварите на турнирот во Талин:

28 ноември (сабота)

16 часот, Италија – МАКЕДОНИЈА
20:30 часот, Естонија – Русија

30 ноември (понеделник)   
16 часот, Русија – Италија
20:30 часот, Естонија – МАКЕДОНИЈА

- Оглас -

Најнови вести